Шпанската крајбрежна стража спаси 524 мигранти

by fokus

Припадници на шпанската крајбрежна стража во текот на вчерашниот ден во водите на Гибралтарскиот Проток и во Алборанското Море спасија вкупно 524 мигранти.

Како што соопштија шпанските власти, спасените мигранти се наоѓале во 12 пловила, за кои постоела опасност да потонат, со кои се упатиле кон Европа.

Од почетокот на годината преку Средоземното Море во Шпанија пристигнаа над 25.000 мигранти, што е тројно повеќе во споредба со истиот период лани.

Шпанија стана „главна дестинација“ за илегалните мигранти, откако Малта и Италија има забранија пристап во своите пристаништа на бродовите што ги спасуваа мигрантите во водите на Средозменото Море.

Поврзани новости