Шолц доаѓа во Скопје и Софија

by fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц следната недела доаѓа во дводневна посета на Западен Балкан, Грција и Бугарија, потврди Берлин.

Први станици на дводневната балканска турнеја на Олаф Шолц ќе бидат Косово и Србија на 10 јуни. Како што изјавил портпаролот на германскиот канцелар, во Косово Шолц ќе ги посети и германските групи во КФОР.

Од таму, Шолц ќе замине за Солун каде на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе учествува на вечера со претставници на земјите од регионалната иницијатива „Процес за соработка во Југоисточна Европа“.

Наредниот ден, на 11 јуни германскиот канцелар ќе отпатува во Северна Македонија, а потоа и во Бугарија, пренесува „Дојче Веле“.

Според соопштението од кабинетот на Шолц, во фокусот на неговото патување ќе биде ЕУ-перспективата на земјите од Западен Балкан, како и придонесот на Германија во унапредувањето на регионалната соработка и надминувањето на билатералните блокади. Освен тоа, централна тема ќе биде и заедничката реакција на руската агресија врз Украина.

Поврзани новости