Шок бомби и солзавец на протестот против рестриктивните мерки во Атина

by Fokus

Со инциденти, солзавец, шок бомби и приведени заврши протестот во Атина против рестриктивните мерки, карантинот, употребата на маска и сл, јави дописничката на МИА од Атина.

На плоштадот Синтагма се собраа лица организирани преку социјалните мрежи, извикувајќи слогани против Владата, против мерките, против полицијата, но и против новинарите.

Полицијата употреби солзавец и шок бомби за да ги растера демонстрантите, кои се собраа и покрај карантинот, на два часа пред почетокот на полицискот час во Атина.

 

Поврзани новости