Шкупи е силен противник, вели тренерот на Шамрок Роверс

by Fokus

По елиминацијата во Лигата на шампиони, фудбалерите на Шкупи утревечер во Даблин му гостуваат на ирскиот првак Шамрок Роверс во првиот натпревар од 3. квалификациско коло во Лига Европа.

Ден пред натпреварот на стадионот „Тала“ во јужен Даблин домаќините најавија дека капацитетот ќе биде максимално исполнет, а тренерот на Шамрок, Стивен Бредли, рече дека поддршката од навивачите ќе биде многу важна за успешен резултат против незгоден противник.

– Тие (Шкупи) можат да бидат многу опасен тим. Во нападот имаат четворица навистина опасни фудбалери, и во тоа ќе можеме да се увериме утревечер. Така што, ние мораме да бидеме на највисоко ниво за да победиме, изјави Бредли.

– Навистина се силни во напаѓачкиот дел на теренот и мораме да бидеме фокусирани и максимално концентрирани од почеток до крај на натпреварот, додаде стратегот на Шамрок.

Реваншот ќе се игра на 9 август во Скопје, а победникот ќе обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига и плејоф пресметка со победникот од дуелот меѓу Карабах и Ференцварош за пласман во плејофот во Лига Европа.

Поврзани новости