Шкариќ: Треба да се искористи приодот за промената на името од 1991 година

by fokus

Професорот по уставно право, Светомир Шкариќ во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека предложените уставни амандмани се доста едноставни, но тежина дава фактот што се работи за промена на името.

-Овие амандамни се многу кусо формулирани, и само по нив може да се заклучи дека е едноставна работа. Но, бидејќи станува збор за промена на името и тоа дава голема тежина. Од технички аспект, промените се доста едноставни. Кога е во прашање промена на името, имавме таква промена во 1991 година кога од Социјалистичка станавме Репбулика Македонија. Таа техника и тој приод треба да се користи и сега. Од гледиште од тежината на формулациите, не гледам некои проблеми, се разбира треба да се вклучат добри правници, рече Шкариќ.

Поврзани новости