Шиповиќ: Отидоа 500.000 евра за безимени кошаркари

by fokus

Поранешниот претседавач со Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, ја искритикува одлуката на новиот општински Совет пола милион евра да бидат донирани на кошаркарскиот клуб „Работнички“.

Шиповиќ во пост на својот Фејсбук профил пишува дека 500.000 евра од општина Центар отишле за безимени кошаркари.

„Советот на општина Центар го одобрил финансискиот план на КК Работнички. Bye bye 500.000 евриќи отидоа на безимени кошаркари. Просечна плата 4.000 евриќи месечно, без патни трошоци. Ќе биле шампиони оваа година. А салите преполни 100 гледачи у просек“, пишува Шиповиќ.

Шиповиќ доаѓа од партијата СДСМ, како и актуелниот градоначалник, Саша Богдановиќ, голем фан на „Работнички“.

Одлуката да биде дониран толкав износ за кошаркарите наиде на критика и од граѓанските организации затоа што за проблемот со аерозагадувањето, како приоритетен проблем, Општината издвои само 60.000 денари.

Поврзани новости