Шилегов за зградите пред „Холидеј ин“: Тој простор треба да доживее промена, дел од жителите на Ново Маало немаат канализација

by fokus

Прашање на естетика е дали го личи градот таму да има повеќе висококатници. Тоа што мене ми пречи е дека во центарот на градот имаме дупка буквално, вели градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, коментирајќи ги случувањата со изградата на зградите спроти хотелот „Холидеј ин“, кој што доколку се одобри дозволат за градба, ќе се вика објект „Гранд“.

Тој смета дека од негова позиција не е во ред да кажува за таа тема, но му пречи што жителите на Ново Маало во 21-век не можат да направат било што на своите објекти.

– 40-50 години имаат забрани да направат било што. Имате локации каде што нема канализации и за мене тоа не е нормално. Тој простор треба да доживее промена, трансформација, но каква ќе биде ќе одлучуваме заедно – смета Шилегов.

Вчера жителите на населбата Ново Маало започнале правни консултации и велат дека ќе ги искористат сите правни механизми доколку Општина Центар одлучи да го суспендира ДУП, со што би се спречила изградбата на комплексот кај „Холидеј ин“.

„Откако вчера ја поднесовме петицијата до Владата и Општина Центар со која бараме во ниту еден случај да не се направи суспензија на планот, акт кој би ја спречил изградбата на комплексот кај ‘Холидеј ин’, ние жителите на Ново Маало почнуваме со мобилизација на правен тим во одбрана на нашите ставови“, се вели во соопштението.

Поврзани новости