Шилегов за спорот со Талевска: Првостепената пресуда со “мечката од пештера” не ми значи ништо

by fokus

Откако главната уредничка во дневниот весник „Вечер“ и уредник во телевизијата „Сител“, Ивона Талевска, ја загуби тужбата за клевета и навреда која ја поднесе против Петре Шилегов од СДСМ, тој се огласи на својот Фејсбук профил.

„ Првостепената пресуда со “мечката од пештера”, не ми значи ништо. Повеќе би сакал да го видам македонското судство да одговори на своите законски обврски и предизвици кога се во прашање кривичните предмети против злосторничкото здружение кое го сочинува раководство на ВМРО ДПМНЕ.Тогаш ќе може да зборуваме за право и правна држава. До тогаш, нема застанување.” – напиша Шилегов.

Инаку, Талевска го тужеше Шилегов за за неговите прес конференции во врска со договорот за набавка на медицинска опрема во вредност од милион евра на фирма на мајкатата на Талевска со министерството за здравство.

Поврзани новости