Шилегов вработува 135 партиски војници, меѓу кои и личен возач, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Економијата е во рецесија, за 10 месеци 55 илјади луѓе останаа без работа поради корона кризата, а градоначалникот  на Скопје, Петре Шилегов вработува 135 партиски војници во градската администрација, обвинува советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Велат дека мнозинството во Советот на Град Скопје денеска донесе одлука за вработување на 135 нови партиски вработувања на определено време во градот Скопје, за кои советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласале против.

– Меѓу листата на работни места која се отвора е и за дополнителен возач на Шилегов затоа што претходно вработениот е унапреден во раководител на одделение во друго градско претпријатие. Наместо стручна администрација Градот Скопје добива партиска администрација, се вели во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Поврзани новости