Шилегов: Водата нема да поскапи пред 2023 година, а кога ќе поскапи тоа ќе биде инвестиција на граѓаните во пречистителната станица

by fokus 13:54
13:54

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, вели дека не се планира поскапување на водата пред 2023 година, кога е во план да биде реализиран проектот за изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води. Како што рече тој, согласно планот евентуалното поскапување во иднина би требало да биде еден вид инвестиција на секој граѓанин поединечно.

-Согласно европската регулатива ќе мора да имаме посебна ставка за пречистителна станица. По наши пресметки би требало пречистителната станица да биде пуштена во употреба околу 2023 година. Трошоците за овој проект ќе мора да бидат покриени, така што покачувањето на цената на водата всушност би било инвестиција на секој од нас поединечно како граѓаните, а во здрава животна средина – изјави Шилегов за време на денешната посета на изворот Рашче, по повод Светскиот ден на водата.

- Advertisements -

Поврзани новости