Шилегов: Во Скопје во моментов нема ништо поважно од здравјето на граѓаните

by fokus

Во Скопје во моментов нема ништо поважно од здравјето на граѓаните и тоа треба да биде во центарот на програмата, изјави денеска кандидатот за градоначаник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

-Меѓу другото во нашата програма предвидуваме и тим, луѓе којшто перманентно ќе работат на расчистување на дивите депонии, на расчистување на каналите, на расчистување на сметот како што е овој позади мене кој што го гледате со цел да обезбедиме здрава животна средина за граѓаните. Овдека во Кисела Вода ќе започне ревитализацијата на планината Водно, од овде ќе ја започнеме и сопреме дивата сеча на шумата, ќе го ревитализираме секој оштетен дел, од овде во Кисела Вода ќе започнеме со изградба на пречистителните станици и колектори со цел да ја подобриме животната средина, рече Шилегов.

Тој додаде дека граѓанинот е центарот на политиките на централно ниво, а по 15-ти октомври ќе докажеле дека интересите и здравјето на граѓаните ќе бидат примарен интерес и на локални ниво.

Поврзани новости