Шилегов: Власта во заминување по директива префрла судии во Скопје ВИДЕО

by fokus

Се потврдува потребата од итни реформи во судството во Македонија!Граѓаните во Македонија не можат да си ги остварат своите права пред судовите, бидејки судиите, наместо да судат, се ангажираат да ги штитат криминалните интереси на власта на власта на Никола Груевски, изјави Петре Шилегов, портпрол на СДСМ.

Тој покажа документ од Основниот суд во Неготино, со кој како што рече се потврдува дека судот е блокиран и не може нормално да работат бидејќи судии под контрола на власта во заминување се префрлаат по директиви во судовите во Скопје.

„Основниот суд во Неготино го информира Апелацискиот суд во Скопје дека состојбата во кривичниот оддел е алармантна! Причина за ваквото барање на Основниот суд во Неготино е тоа што во судот има само двајца судии и претседател, наместо законски утврдениот број од четири судии и претседател. Значи во судот во Неготино нема доволен број судии за да одлучуваат по предмети за кривични дела.Судот во Неготино поради тоа бил принуден да побара Апелацискиот суд да определи друг надлежен суд за да не застарат кривичните предмети“, рече Шилегов.

Според него една од судијките којашто се посочува дека е префрлена од Основниот суд во Неготино во Скопје е судијката Александра Поп Стефанија. Таа во Скопје прво е донесена во Судот за прекршоци, а потоа, како што знае и јавноста, беше префрлена во Одделот за организиран криминал во Кривичниот суд во Скопје.

„За потсетување, Поп Стефанија беше назначена за судијка во Одделот за организиран криминал од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски, спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и Правилникот за работа на Судот. Токму оваа судијка е една од најекспонираните во кочењето на работата на Специјалното јавно обвинителство. Ова е само една од причините зошто на Македонија и е итно потребна нова и одговорна Влада на граѓаните, којашто ќе обезбеди итни реформи во судството и правда за сите“, додаде Шилегов.

Поврзани новости