Шилегов: Власта не исплаќа субвенции, ама троши пари за јавни набавки

by fokus

Власта во заминување ги крши законите за да може до последниот ден од мандатот да црпи средства од буџетот за сопствено богатење, изјави денеска Петре Шилегов од СДСМ.

-Стотици граѓани не можат да ги добијат своите субвенции и стипендии бидејќи им е кажано дека техничката влада не смее да врши исплаќање на средства. Одговорите од министерствата за земјоделие и образовени се идентични – не смеат да се исплаќаат средства бидејќи било спротивно на закон и затоа што станува збор за техничка влада. Но, истиот тој закон не важи за одредени министерства како министерствата за одбрана и за здравство кои немаат проблем да плаќаат буџетски пари за извршување на јавни набавки. Од една страна се доделуват тендери, јавни набавки и се задолжува државата, а од друга страна имаме илјадници лица кои не можат да дојдат до парите кои им следуваат, рече Шилегов.

Тој додаде дека ваквите двојни аршини јасно покажуваат дека власта во заминување свесно го крши законот за сметка на богатење на фирми и поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости