Шилегов: Власта ја стопира реконструкцијата на болниците и набавката на медицинска опрема за да не се оптоварува буџетот

by Fokus

Дуото Груевски и Тодоров лажат во врска со набавката на медицинска опрема и изградбата на објекти во здравството и нивниот интерес за здравството и здравјето на граѓаните е лажен и лицемерен, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој тврди дека лажат и наспроти нивните ветувања за наводни инвестиции во објекти и опрема во здравството во висина од 33 милиони евра.

– За побарана медицинска опрема на Кардиологија, Министерството за финансии одговара: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За рендген служба во општина Кривогаштани, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За изградба на центар за хронични рани во Геронтолошкиот завод 13 Ноември во Скопје, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За Реконструкција на Општа Болница во Струмица, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За изградба на амбуланта во Секирарци, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За пункт за итна помош во Идризово, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За реконструкција на Здравствен дом Здравје во Валандово, негативно мислење од Министерството за финансии. Ова е доказ за невиденото лицемерие на Груевски и Тодоров. Едно зборуваат во јавност, другото се случува во позадина. Е ова е вистинското лице на неодговорната власт на Никола Груевски – додава Шилегов.

Поврзани новости