Шилегов уште пред два месеци пријавил за случајот со „Еко клуб“

by fokus 15:20
15:20

Битолската фирма „Еко клуб“ во текот на минатата година до Дрисла транспортирала 4700 килограми медицински отпад, а само во јануари, како што вели градоначалникот Петре Шилегов, откако Градот Скопје располага со материјали за неправилности во работењето, транспортирала 1900 килограми.

Извештајот од спроведената контрола вчера на инсталацијата во Металски завод Тито за третман на медицинскиот отпад, од Државниот инспекторат за животна средина се чека, а вонредната контрола, пак, спроведена на 12 декември на „Еко клуб“ од страна на инспекторатот, не покажала неправилности.

– Целиот овој случај го имавме на 10 декември 2019 година, на 13 декември во изјава целиот настан е пријавен во Јавното обвинителство. Градот не чекаше воопшто, а зошто нема преземено ништо треба да се упатите кон ЈО, изјави Шилегов во одговор на новинарско прашање при днешната посета на „Дрисла“

- Advertising -

Поврзани новости