Шилегов убеден: Победа во втор круг!

by Fokus

Иако противкандидатката на Петре Шилегов, Данела Арсовска има водство за градоначалничкото столче на градот, актуелниот градоначалник Шилегов е убеден во победа.

„Јас сум сигурен дека во вториот круг ќе извојуваме победа. Ако ги погледнете резултатите, ќе констатирате дека Арсовска го достигна истиот резултат на ВМРО-ДПМНЕ како на парламентарните избори лани. Јас се потпирам на гласовите на граѓаните и верувам во триумф“, кратко истакна Шилегов.

Поврзани новости