Шилегов: Тоа што го гледаат граѓаните кај Стара железничка не е Лимак, мора прво да се изгради тунелот

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното гостување на телевизија Телма на прашање поставено од гледач како комплекстот кај Старата желеничка веќе е во финална фаза, а се уште не е изградена подземната сообраќајница позади Рамстор, одговори дека тоа што сега е изградено не е дел од комплекстот Дајмонд на Лимак.

-За да може да се изгради комплексот на Лимак, мора да се изгради тунелот. Тунелот се работи во моментов. До крајот на 2023 треба да биде завршен. Она што се гледа на Железничка, не е дел од договорот, тоа не е дел од Лимак. Тоа е друг објект. Според договорот, треба да се изгради тунелот, па врз него да се изгради комплексот, вели Шилегов.

Поврзани новости