Шилегов со идеја: Спомениците на малиот диктатор да ги дислоцираме во мементо парк во Ѓорче

by fokus

Спомениците од „Скопје 2014“ да се соберат во еден парк и да се дислоцираат на местото на отстранетата дива депонија во Ѓорче Петров, предлага градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

– Мене на пример ми се доаѓа идејата онаму каде што ја исчистивме дивата депонија во Ѓорче може да направиме мементо парк, да ги дислоцираме сите статуи од Скопје 2014, таму. На пример тоа нешто Унгарија го има направено, сите статуи на Сталин или обележја на Комунизмот ги имаат ставено во мементо парк. Зошто да не го направиме и ние со оставштината од нашиот мал диктатор, изјави Шилегов.

Поврзани новости