Шилегов: Само среќа ги чувала оние кои поминувале по булеварот Александар Македонски

by fokus
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вечерва објави дека при реконструкцијата на булеварот Александар Македонски која е во тек, бил откриен процеп од четири метри под асфалтот.
-Кога некоја инфраструктура не се одржувала повеќе од 40 години, тогаш изгледа (за жал) дека е многу нормално да при реконструкција наидете на дупка длабока 4 метри.
Само среќа ги чувала сите кои поминувале по булеварот Александар Македонски, а патот не пропднал …
Веќе започнавме со санација и нема да доцниме, порача Шилегов

Поврзани новости