Шилегов: Реконструкцијата на Универзална сала е разумно решение, но мора нова сала во Скопје!

by Fokus

Култната Универзална сала во Скопје ќе биде реконструирана и тоа е моментално најдоброто разумно решение за овој објект.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, сепак рече дека во главниот град мора да биде изградена нова сала што поскоро.

„Конечно се создадени услови за целосна реконструкција на Универзална сала. Јавноста ја даде идејата за да се сочува ликот на овој објект. Тоа е разумно решение. Ја спроведуваме на дело волјата на граѓаните. Сепак, изградбата на нова сала е нешто што мора да се случи. Убеден сум дека наскоро и за тоа ќе наидеме на средства“, истакна Шилегов.

Поврзани новости