Шилегов: Одлуката на Уставниот суд е признание за изборните измами

by Фокус

Порпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, попладнево реагираше на одлуката на Уставниот суд според која претседателот на државата ќе може да помилува осудени за изборни измами. За ваквата одлука, Шилегов рече дека е признание на власта за избормите измами.

-Со одлуката на петте партиски послушници на ВМРО ДПМНЕ во Уставниот суд Никола Груевски ја призна вината на своите најблиски соработници. Изборните грабежи и партизираните институции беа главните причини за политичката криза. Највисоките претставници на партијата на власта се веќе осомничени за злосторничко здружување и изборна измама. Тоа е потврдено и до Специјалното обвинителство, рече Шилегов.

Според Шилегов очигледно било дека дека од врвот на ВМРО ДПМНЕ биле добро запознаени зошто се покренати постапките до СЈО, па оттаму треба да се извлече заклучокот за намерата на Уставниот суд со ваквата одлука.

Поврзани новости