Шилегов: Од Ali Express Градоначалник не бидува

by fokus

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов, преку објава на Фејсбук ѝ се обрати на неговата наследничка, Данела Арсовска, откако таа денеска не ги повика новинарите на одбележувањето на Светскиот ден на пожарникарите, а потоа во реакција на СДСМ го спомна Шилегов дека цел мандат го поминал со ароганција и расправии со пожарникарите.

-Почитувана (нит моја и верувајте нит било чија) градоначалничка (со мало г) г-ѓо Арсовска: Од не знам кои причини, заради Вашата денешна глупост, ме споменувате во Вашата реакција (а јас, заради нашиот ГРАД упорно ги премолчувам Вашите глупости и Ви молчам 6 месеци). Епа еве вака Ali Express girl: Од Ali Express градоначалник(чка) не бива. Уште помалку се бира… Секој со својот избор (и последиците од него)!

П.С. за протоколот (и надлежната) 😉: 26-ти Јули е ден за протокол во Скопје. Тажен, но е ден. Се викаат делегации, семејства, збратимени градови, Влада, НОВИНАРИ… Ама не можам се’ да ве учам. Како што Ви кажав: од Ali Express 😉 градончалник (чка) не бидува. Џабе се трудите . Толку Ви е нивото. Еве нема да ги спомнам паметот и способноста… Живеј, Ali Express… П.С.С. Какви нови достигнувања за пожарникарите?“, пишува Шилегов на Фејсбук.

Поврзани новости