Шилегов: Ниту еден денар од градската каса не е влезен во моето адвокатско друштво

by Fokus

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов го демантираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ дека како градоначалник го плаќал сопственото адвокатско друштво за консултантски услуги и рече дека со лаги и манипулации опозициската партија ја покажува својата безидејност.

„Не постои договор помеѓу Град Скопје и Адвокатско Друштво Шилегов и Партнери и ниту еден денар од јавните, буџетски, пари не е исплатен на моето адвокатско Друштво. Постои договор за консултантски услуги помеѓу Адвокатското друштво (во моја сопственост) и Петре Шилегов, направен во 2015, кој што е уредно пријавен во Антикорупциска комисија во моментот на неговото склучување во 2015 година (тогаш бев пратеник во опозиција, а не градоначалник).

Договорот е на сума во износ од 50.000 денари месечно, за кое јас уредно ги плаќам сите давачки и даноци кон државата (за моите парични средства, бидејќи друштвото е во моја сопственост). Тоа се парични средства во сопственост на моето адвокатско друштво, не се буџетски пари.

Иако, како сопственик на Друштвото, имам полно законско право да располагам со паричните средства на Друштвото, тој договор го раскинав на 01.12 2020 година, со цел да нема никаква сомнеж кај никого.

П.С. Немам намера да и понатаму учествувам во “забавата” која што ДПМНЕ се обидува да ја пласира на македонската јавност, креирајќи лаги и манипулации“, напиша Шилегов на неговиот профил.

 

Поврзани новости