Шилегов: Нема злоупотреба на деца за религиозни и политички цели

by fokus

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави денеска дека со Бадниковата поворка не се извршила злоупотреба на деца во религиозни и политички цели. Според него, станува збор за иницијатива, која потекнувала од родителите, а градот со обезбедување превоз за децата само излегол во пресрет на нивните барања.

Шилегов по божикната литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје запрашан дали со тоа не се нарушува секуларноста на државата тој посочи дека не може да стане збор за тоа, бидејќи тоа е граѓанска иницијатива.

Поврзани новости