Шилегов: Нема да има прослава, не чека сериозна работа

by fokus

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на прашањето дали партијата организира прослава, откако нејзиниот лидер го доби мандатот да формира влада, одговори дека нема потреба од триумфализам.

„Не организираме официјална прослава. Нема потреба од триумфализам. Македонија е во тешка состојба и ја чека сериозна работа од наша страна за да ја оправиме државата. Ние не сме триумфалисти, оти си ја сакаме државата, рече Шилегов.

Во јавноста попладнево се проширија информации дека пред Собранието ќе се прославува добивањето на мандатот.

Портпаролот на СДСМ вели дека сега партијата е концентрирана на тоа да се нормализира состојбата во Собранието, а штом ќе се создадат услови за преговори со партиите кои би влегле во владата, СДСМ ќе ја информира јавноста.

Поврзани новости