Шилегов: Нема бегање од изборот на специјален обвинител

by Фокус 13:48
13:48

Нема бегање од изборот на специјалниот јавен обвинител. За неколку дена е 15 септември. Ако размислите добро, единствениот на кого не му одговара избор на специјален јавен обвинител со вистински и реални овластувања е токму Никола Груевски и криминалната клика околу него, изјави денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Тој истакна дека согласно потпишаниот договор, сите постапки кои се однесуваат и произлегуваат од прислушуваните разговори треба да бидат предмет на обработка на специјалниот јавен обвинител.

- Advertisements -

– Местените предмети против лидерот на СДСМ би требало да бидат дел од нив. Секој граѓанин на Македонија, без разлика на моменталната политичка или државна функција треба да сноси одговорност за своите дела или недела. Пред законот, конечно, треба сите да сме исти, нагласи Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали новиот специјален јавен обвинител ќе истражува и за кириите на семејството на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, Шилегов рече:

– Функционерите на СДСМ секогаш се достапни на било кој орган за прогон на Македонија, а доколку имало било какви криминални активности на било кој од СДСМ, немаше Никола Груевски и неговата врхушка да чека да биде избран специјален јавен обвинител. Не само мојата имотна состојба, туку и на било кој од партијата е достапна на целата јавност и на органите на прогонот. Да се разбереме една работа, криминалните умови мислат дека сите околу нив крадат за да заработат пари. Чесните политичари се вистинскиот страв на Никола Груевски, рече Шилегов.

 

 

Поврзани новости