Шилегов: Македонија нема да исчезне, ќе исчезне груевизмот кој ве тера да глумите полуписмени пратеници

by fokus

Дозволивте да се развие лакрдија на други теми кои не се прашање на дневен ред со цел преку онаа мала сламка за спас, политички на претседателот на партијата на која припаѓате да му овозможите да ја развие во јавноста – рече Петре Шилегов, пратеник од СДСМ кој го потсети Трајко Вељаноски дека е должен да ги исклучува говорниците кои се надвор од точката на дневен ред.

Тој рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат третман на полуписмени пратеници зошто мораат да го кажат она што им е напишано.

– Има некој пописмен од полуписмените политичари, па тие го водат орото. Македонија нема да исчезне, ќе исчезне груевизмот кој ве тера да глумите полуписмени пратеници – рече Шилегов.

ВИДЕО: А1 он

Поврзани новости