Шилегов: Јанакиевски продал државно земјиште за осум пати пониски вредност од пазарната!

by Фокус 14:38
14:38

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески продал атрактивно државно земјиште во центарот на Скопје за осум пати пониска вредност од реалната, обивни портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на денешната прес-конференција, презентирајќи документи.

– Министерството за транспорт и врски, на јавното наддавање во јуни 2012 година, продало две парцели кај Авто Македонија со вкупна површина од 1.245 метри квадратни. Цената е 7.656.750 денари, или 100 евра по метар квадратен. Но еве што излегува на површина. Според овој Имотен лист, купувачот на земјиштето, во март годинава, ова земјиште го заложил под хипотека за кредит, во вреденост од 327.672 евра! Сега, бидејќи банките одобруваат кредит што е третина од вистинската вредност на заложениот имот, а во случајов станува збор за кредит од над 300.000 илјади евра, дали ова упатува дека вистинската вредност на земјиштето што Јанакиески го продал за 126.000 евра всушност изнесува околу 1.000.000 евра?! – праша Шилегов.

Според документите што тој ги објави, станува збор за компанијата „Никофон“, која на овој простор требаше да гради катна гаража, против што јавно се бунеа жителите во околните згради. Владата ја оправдуваше продажбата на парцели за изградба на катни гаражи за цени пониски од реалните, поради тоа што компанијата треба да инвестира средства за изгради објект, кој ќе биде продуктивен. Покрај простор за паркирање, овие објекти се градат според модел кој предвидува и деловно-комерцијален дел, кој му припаѓа на инвеститорот.

- Advertising -

katastar

Поврзани новости