Шилегов: Иванов го брани криминалот на Груевски, ќе одговара за тоа ВИДЕО

by fokus

Ѓорге Иванов ги крши Уставот и законите и тоа повлекува одговорност за Иванов, вели портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

„Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира. Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. Оттука нема право тоа да го бара од претседателот Заев. Ова е недозволиво кршење на Уставот од страна на Иванов, за што се одговара и според Уставот и според Кривичниот законик. Со своето однесување, Иванов и во овој случај, како и претходно со аболициите, јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски. Со тоа Ѓорге Иванов ги доведува во опасност и граѓаните и државата“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Поврзани новости