Шилегов им се извини на кинеските туристи: Ова е срам за градот!

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вечерва го осуди нападот на еден скопјанец кон кинески туристи, кој ги пцуеше и извикуваше „Коронавирус, мрш од тука“.

-Денешниот ксенофобичен испад на наш сограѓанин кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на се’ што Скопје е – град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото.
Го нудам моето најдлабоко извинување во името на сите добронамерни Скопјани. Во Скопје нема да толерираме вакво однесување. Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата.
Драги Скопјани, бидете гостопримливи, почестете ги овие туристи насмевка и отворена душа, ако ги сретнете низ градот.
Не, на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите !!!, напиша Шилегов.

Поврзани новости