Шилегов и официјално ќе трча за уште мандат во Скопје

by fokus

Петре Шилегов и официјално е кандидат на СДСМ за уште еден мандат за градоначалник на Скопје, соопшти предмалку партискиот лидер и премиер Зоран Заев.

Тој посочи дека по спроведените анкети и консултации, владејачката партија дефинирала триесетина кандидати за градоначалници, при што во делот на Скопје повторно довербата ја добија градоначалниците на Бутел и Кисела Вода, Велимир Смилевски и Филип Темелковски.

Што се однесува до останатите поголеми општини низ земјава, според Заев, за уште мандат ќе трчаат градоначалниците на Штип и Охрид, Сашко Николов и Константин Георгиевски.

Поврзани новости