Шилегов: Ѓорчев, Милошоски и Димовски се плашат за својот имот и бизнис

by Фокус

Вам не ви е гајле за државата и за граѓаните, туку за својот имот и бизнис-интереси, им порача Петре Шилегов од СДСМ на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната парламентарна седница.

Според Шилегов, Влатко Ѓорчев се грижи за хациендата во Бардовци, Антонијо Милошоски за провизијата од една градежна фирма за изградба на амбасада, а Илија Димовски за бензиски пумпи што ги купил во Велес.

-Заедно со новата влада ќе дојде демократијата и правната држава, а со тоа и одговорност. Од тоа бие единствено се плашите – истакна тој.

Поврзани новости