Шилегов до пратениците од ДПМНЕ: Ако сте толку златни и фини, што се плашите од избор на нов јавен обвинител, ама знаете какви криминалци сте

by Fokus

Актуелниот пратеник од редовите на СДСМ, Петре Шилегов од собраниската говорница тврдеше дека „вмровците“ се криминалци и за тоа не им одговара да се избере нов јавен обвинител.

– Мувата на капата си ја ишкате веќе 50 дена, а со тоа потврдувате дека сте криминалци. Ако сте толку златни и фини како што се преставувате, што се плашите толку од изборот на нов јавен обвинител. Ама, знаете какви криминалци сте и што се правите – истакна Шилегов.

Од друга страна, на собраниската говорница излезе пратеникот Антонијо Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој по кој знае кој пат нагласи дека Зоран Заев е криминалец.

– Ако сакавте да се види кој е криминалец не требаше да го разрешуваме Зврлевски, но се плашевте што ќе открие – истакна Милошоски.

Поврзани новости