Шилегов до Маневски: Немојте вие да ми зборувате за загадување, вие ја дадовте „Дрисла“

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје, жестоко му одговори на советникот Михалјо Маневски на критиките дека тој ништо не направил за загадувањето во изминатите две години.

-Немојте вие да ми зборувате за загадување, кога вашата партија ВМРО-ДПМНЕ ја уништи топловодната мрежа, го намаливте зеленилото во Малиот ринг, градевте згради и споменици од „Скопје 2014“ на секоја јавна површина, не воведовте современ начин на превоз. Ако малку од малку ги знаете работите нема да зборувате вакви работи. Вие ја дадовте депонијата ’Дрисла‘, јас ја земав назад. Тоа е разликата меѓу мене и вас. Вие имавте интерес да ја дадете на спорни партнери, јас две години се тепав со остатоците внатре во институциите и ја вратив да биде на Градот. Правам нова Топлификација, зошто некој му ја одземал на овој Град. Па вашата партија во Гази Баба гласаше против булеварот во Керамидница, а таа екскурзија Градот го чини 8 милиони евра повеќе оти сега треба да урива 147 куќи. Заради ВМРО-ДПМНЕ ќе потрошиме 8 милиони евра повеќе. Кај ми се парите ете таму ми се. Вие ќе ми зборувате за град. Јас сум најсреќен човек на свет што човек како вас не ми верува, му одговори Шилегов на Маневски.

Поврзани новости