Шилегов до Јанкуловска: Излези на мегдан, ако имаш три чисти после осум години владеење

by Фокус 10:45
10:45

Овде во Куманово јавно ја повикувам „излези  Гордана Јанкуловска, клекни на колена, замоли ги твоите шефови и излези еднаш на мегдан“. Вака носителот на втората изборна единица Петре Шилегов на митингот во Куманово ја повика првата полицајка да излезе на дуел и да се соочи очи во очи со него.

– Излези со мене на мегдан и овде да се разбереме како се почитуваат редот и законите во оваа држава. Тогаш ќе зборуваме и за Петре Шилегов и за неговиот имот, меѓутоа ќе зборуваме и за твоите станови, ќе зборуваме и за „Висарис“,ќе зборуваме и за „Актор“, ќе зборуваме богами и за кешот на твојот шеф. Излези Гордана, ако имаш три чисти после осум години владеење да се соочиш со народот – истакна Шилегов.

- Advertisements -

Поврзани новости