Шилегов до Иванов: Збогум „заобиколен“

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вечерва реагираше на денешниот говор на претседателот Ѓорѓе Иванов и му порача дека тоа Македонија ќе биде исправена на вистинскиот пат.

-Се надевам дека Иванов ги слушна “повиците” на неговите следбеници денес на Мечкин Камен. Ако е таква “неговата” Македонија, тогаш, не. Благодарам. И ќе го заобиколувам. Тоа не е мојата, нашата, ако сакате и илинденската и асномска Македонија. Тоа е фашистичка Македонија. На тој пат, господине Иванов, одете сами. Со таа “шака јад” околу Вас.
А ние ?
Ние “ладно” ќе Ве заобиколиме. И ќе ја исправиме Македонија на вистинскиот пат. На извесна и подобра, европска иднина.
Збогум “заобиколен”, напиша Шилегов.

Поврзани новости