Шилегов: Ако е невозможно да се спроведат избори, тогаш треба да ја вратиме политичката влада

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во денешното гостување на ТВ 24 рече дека техничката влада е влада за организација на избори. Доколку не постојат услови за одржување на изборите, тогаш треба да се врати политичката влада, смета тој.

-Не мислам дека постои партија која вели дека треба да имаме избори по секоја цена. Велат избори, кога ќе има олеснување на здравствената криза. Ако сме се договориле да имаме техничка влада за организација на избори, а невозможно е да се одржат избори, тогаш треба да ја вратиме политичката Влада и Собранието. Јас се надевам дека ќе имаме услови за избори, вели Шилегов.

Поврзани новости