Шилегов: Агенцијата за вработување ангажира работници на црно

by Fokus

Во ревозорскиот извештај за Агенцијата за вработување откриено е дека таму биле ангажирани работници, хигиеничари и портир без склучен договори со нив како што наложува Законот за работни односи или договори за услуга како што е предвидено со Законот за агенциите за привремени вработувања, истакна портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на денешната прес-конференција пред Агенцијата за вработување.

„Ваков ли е наводниот проект „Македонија вработува“ на обвинетиот Никола Груевски, што го спроведува власта токму преку оваа Агенција? Ако Агенцијата за вработувања ангажира работници “на црно“, што се случува во другите државни институции?! Што се случува во другите правни субјекти? Кадрите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги раководат институциите противзаконски и ги кршат работничките права! – истакна Шилегов.

Тој вели дека Државниот инспекторат за труд е должен веднаш да постапи по наодите содржани во ревизорскиот извештај.

Поврзани новости