Шевченко ќе нѐ „скенира“ и во четврток силно ќе нападне

by Fokus

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз го започна дебитантскиот настап на ЕП. На ист начин започна и идниот противник на избраниците на селекторот Игор Ангеловски, селекцијата на Украина.

Селекторот на нашиот следен противник, Андриј Шевченко порача дека добро ќе ја анализира играта на Македонија, со надеж дека ќе ги освои првите бодови против нашиот репрезентативен тим.

„Верувам дека ќе бидеме добро расположени за надигрување. Има четири дена до тој натпревар, па ќе видам дали ќе направиме замени. Мора да анализираме кои се нашите проблеми. Ако некој е повреден ќе има замени, имаме квалитетни фудбалери. Ќе ја анализираме играта на Македонија и ќе се подготвиме за натпреварот“, изјави Шевченко.

Поврзани новости