Шестоодделенец врзал соученик со лисици и му вперил пластичен пиштол

by Fokus

Од основно училиште во Велес, денеска пријавиле во полиција дека ученик врзал соученик со лисици и му вперил пластичен пиштол во главата.

На шестоодделенецот му бил одземен пиштолот, кој бил предаден на полицајци. За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат попладнево од СВР Велес .

Воедно од полицијата додадоа дека пиштолот бил испратен на вештачење и ги чекаат резултатите од постапката.

Директорот на училиштето „Васил Главинов“ изјави дека ученикот од шесто одделение денеска дошол во училиштето со лисици и пиштол. Ги внел во класот и успеал на училишниот одмор да ги употреби. Тој со лисиците врзал соученик, по што го вперил пластичниот пиштол во него.

Се создала паника кај останатите соученици, но и кај дежурниот наставник за време на одморот, кој веднаш го информирал директорот и класниот раководител.

Поврзани новости