Шеснаесетгодишно момче со воздушна пушка повредилo друг малолетник

by fokus

Шеснаесетгодишно момче од тетовското село Врапчиште ракувајќи со воздушна пушка повредилo друг малолетник од истото село. Повреденото момче е префрлено во приватната болница „Систина“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека инцидентот бил пријавен вчера во 14:10 часот во СВР Тетово, а се случил на 5 јануари околу 15:30 часот во помошен објект во атарот на селото Врапиште.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистувaње на случајот.

Поврзани новости