Шестмина загинати при пад на хеликоптер во Западна Вирџинија

by fokus 08:37
08:37

Хеликоптер користен за туристички летови се урна на автопат во Западна Вирџинија, притоа загинаа шест лица, јавија локални медиуми.

Хеликоптерот бил опожарен кога на лице место стигнала спасувачката екипа.

Се очекува патот да биде затворен 24 часа за време на истрагата на местото каде се случи трагедијата.

Шефот на операции при Управата за итни случаи Логан, Реј Брајант го опиша хеликоптерот како Белл УХ-1Б од времето на Виетнамската војна.

Поврзани новости