Шестмина повредени во судири помеѓу екстремната десница и левичарски демонстранти во Германија

by fokus

Најмалку шест лица беа повредени синоќа при судир меѓу крајнодесничарски и левичарските демонстранти во источногерманскиот град Кемниц, а по убиството со расистичка позадина, јави ДПА.

Две лица настрадале од предметите кои ги фрлаа двете страни. Четворица учесници во екстремно десничарскиот протест беа повредени во напад додека ги заминувале од демонстрациите.

Смртта на 35-годишен Германец, избоден со нож од страна на мигранти во неделата, предизвика дводневни насилни протести.

Во врска со убиството, пред судот во Кемниц се појавија 23-годишен Сириец, и 22-годишен Ирачанец. Двајцата се во притвор. Обвинителите велат декатие  ја нападнале жртвата без добра причина. Уште две лица беа сериозно повредени во нападот.

Во синоќешните протести учествуваа 2000 крајнодесничарски и околу 1000 учесници на контра-протестите, а полицијата вложува напори да спречи судири меѓу двете групи.

Поврзани новости