Шестгодишно дете почина по пад од тераса

by fokus 17:36
17:36

Шестгодишно девојче од Струга денеска починало при пад од тераса на улицата „ЈНА“, соопшти СВР Охрид.

Портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски информира дека денеска во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга телефонски биле известени од ЈЗУ Општа болница за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година.

- Advertisements -

По добивање на информацијата, според него, формирана била увидна екипа и Јавен обвинител излегле на по што излезено е на местото на настанот.

– Констатирано е дека малолетното девојче било во нејзиниот стан заедно со мајка си и малолетниот брат по што во еден момент ја снемало од собите во станот. Откако мајката го забележала тоа, започнала да ја бара низ станот, но и во соседниот стан каде живеел нејзиниот дедо по што излегле надвор од зградата. Тогаш ја забележале падната под балконот и итно ја префрлиле на хирургија при Општата болница во Струга, појасни Димоски.

Во струшката болница била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на семејството.

Поврзани новости