Шест заразени од корона вирус во РК Охрид

by Fokus

Шест члена на Градскиот ракометен клуб „Охрид“ се позитивни на Ковид-19. Според информациите од клубот, сите инфицирани од кои петмина играчи и еден член на Управата на клубот се во добра здравствена состојба, со лесна клиничка слика и се ставени во изолација.

Од ГРК „Охрид“ истакнаа дека клубот ќе се придржува до сите до сите протоколи и решенија за изолација и понатамошните насоки од Ракометната федерација на Македонија, со апел истото тоа да го прават и останатите спортски колективи со цел спречување на натамошно ширење на заразата.

Во групата А каде се натпреварува „Охрид“ корона вирус е потврден и во други клубови, така што засега се одложени сите натпревари.

Поврзани новости