Шест шлепери со 20 тони хуманитарна помош денеска тргнува за БиХ

by Фокус 09:30
09:30

Шест шлепери со 20 тони хуманитарна помош денеска во 11 часот ќе тргне од магацинот на Црвен крст во Момин поток кон Босна и Херцеговина. Помошта за настраданото население од поплавите е обезбедена од индивидуални донации на граѓаните, донации од фирми и од залихите на Црвениот крст.

Вчера Црвениот крст  испрати 200 тони хуманитарна помош (пртетежно вода) од компанијата Тинекс за настраданото население во Србија.

Македонските граѓани и понатаму продолжуваат да донираат. Завчера биле собрани 7 тони храна, 4 тони средства за хигиена, 1.500 ќебиња, 42 тони вода… Преку уплата на жиро сметката на Фонд на солидарност собрани се околу 20.000 евра.

- Advertising -

Црвениот крст упатува апел до сите заинтересирани кои и понатаму сакаат да помогнат тоа да го сторат преку:

1. Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966, Даночен број 4030984271620 – Комерцијална банка

2. Донирање 100 денари со повик на бројот 143 400, од сите мобилни оператори.

3. Конзервирана храна, средства за хигиена и за дезинфекција.

Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на улицата Момин Поток бб.

Магацинот работи од 8 до 18 часот.

 

Поврзани новости