Шест пожари во струмичкиот и радовишкиот регион

by Fokus

Попладнево во Струмица и Радовишко и во струмичкиот и радовишкиот регион избувнаа шест шумски пожари од кои најголем е тој во близина на селото Радичево, помеѓу Струмица и Радовиш.

Според Александар Годев, командир на ППЕ Струмица, покрај овој пожар кој е најголем, уште пет пожари има во регионот – кај селото Сушица, меѓу селата Босилово и Еднокуќево, во селото Босилово во струмчкиот регион, во Радовиш кај селото Калуѓерица и на рид на Готен.

Од ППЕ информираат дека сите екипи се излезени на терен и се ангажирани сите пожарникари за гаснење на пожарите.

Поврзани новости