Шест неексплодирани гранати од Прва светска војна најдени на Пелистер

by fokus

Во Полициската станица Битола  вчера во 08:43 часот било пријавено дека при извршување градежни работи на место лоцирано до патот на националниот парк „Пелистер“ биле пронајдени шест стари неексплодирани гранати.

„Од страна на пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за стари неексплодирани артилериски гранати калибар 75мм од Првата светска војна. Гранатите биле безбедно подигнати“, велат од полицијата.

Поврзани новости