Шест крушевчани во изолација, се тестираат уште 10 лица за корона вирус

by Fokus

На шест лица од Крушево им е определена изолација, откако биле во контакт со заразена на корона вирусот од овој град.

Како што не информираше крушевскиот градоначалник, Томе Христоски, се тестираат уште 10 лица од градот за опасната зараза.

Исто така, двајца матични лекари на првите два случаи од Крушево останале во самоизолација во наредните неколку дена.

„Ги преземаме сите конкретни мерки за заштита на нашите граѓани. Осум лица од Крушево ќе вршат испорака на најпотребните намирници на стари и изнемоштени лица, со цел да се избегнат контакти со луѓе. Сите што сакаат да помогнат, слободно нека се пријават во Црвен крст, каде се потребни волонтери“, истакна Христоски за „Фокус“.

Крушево во текот на вчерашниот ден ги регистрираше првите два случаи на корона вирусот.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости