Шест илјади лица го прекршиле полицискиот час во Франција викендов, секоја казна е по 135 евра

by Fokus

Речиси 6 000 казни се регистрирани во првиот ден од продолжениот полициски час, што беше воведен во обид да се контролира пандемијата на новиот коронавирус во Франција. Ова го објави телевизискиот канал БФМ, повикувајќи се на податоци од тамошното МВР.

Во саботата, 5 900 лица се казнети за непочитување, а паричната казна за кршење на правилата донесени во Франција во врска со пандемијата е 135 евра.

Од завчера во Франција е во сила полициски час од 18 часот, наместо од 20 часот, како што беше случај во рамките на построгите мерки во борбата против новиот коронавирус.

Мерката, спроведена во 25 од 96 департмани, сега се однесува на целиот континентален дел на земјата. Вечерниот час во Франција во 18 часот ќе биде во сила најмалку 15 дена, објави во четвртокот премиерот Жан Кастекс.

Според последните податоци на Министерството за здравство, повеќе од 70 000 луѓе починале во Франција од почетокот на пандемијата, а вкупниот број на заразени надмина 2,8 милиони.

Поврзани новости